Роберто Мартинез ќе остане на селекторската функција во белгиската фудбалска репрезентација. Новиот договор ќе биде со важност до Светското првенство во 2022 година. Продолжувањето на договорот требаше да се случи порано, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус.
– Мартинез ќе ја тренира Белгија до Мундијалот во 2022 година во Катар, освен ако не се случи административна катастрофа, објкавија белгиските медиуми.
Со репрезентацијата на Белгија, Мартинез го освои третото место на Светското првенство во Русија во 2018 година, што е најдобар резултат за националниот тим на оваа земја.