А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито

by А1он04/05/2020 - 08:1404/05/2020 - 08:14879
Share0

На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Добивај вести на вибер

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.

tito

Би можело да ве интересира

Обожаватели на Тито од поранешна СФРЈ се собраа во Куќата на цвеќето на 45-годишнината од неговата смрт

Горан Наумовски04/05/2025 - 17:52

45-години од смртта на Јосип Броз Тито, неговото име е неизбришливо во историјата на Југославија

Горан Наумовски04/05/2025 - 07:5704/05/2025 - 10:31

Тито најприсутен во Македонија и Хрватска

Наум Локоски24/07/2017 - 22:4524/07/2017 - 22:46

(ВИДЕО) Петковски: Никаде не пишуваше дека Собранието издовило 10 милиони евра за опрема за прислушување, образложија дека се за потребите на УБК

Емир Латифовиќ07/04/2016 - 18:02

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ нека каже со кого сум се среќавал во 2001

Емир Латифовиќ04/03/2014 - 19:21

ФОТО: Чичко Димче се уште го почитува ликот и делот на Јосип Броз Тито

Емир Латифовиќ13/05/2013 - 22:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен