Вистинска драма се одвивала вчера во Гостивар. Две лица биле нападнати од поголема група насилници кои пукале кон нив и им го искршиле автомобилот.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 01,30 часот во Гостивар. На ул.„18-ти Ноември“ бб, додека Ј.И.(1990) од Гостивар, го управувал своето ПМВ „Ауди 80“, а како сопатник во истото бил А.Џ.(1988) од Гостивар, и пристигнал пред неговиот дом на горе наведената улица, им се приближиле три возила со гостиварски регистарски таблици (непознат број) и кога двајцата излегле од возилото, едно од возилата се упатило кон А.Џ. и со предниот браник го удрило во пределот на десната нога. А.Џ. упеал да се качи на тротоарот и се упатил кон куќата на Ј.И.
Во меѓувреме, додека Ј.И. Се приближувал кон влезот на неговата куќа, едно лице му се приближило, по што извадило огнено оружје-пиштол и го вперило кон него. Тогаш Ј.И. ја затворил вратата од дворното место, со која го удрил лицето во пределот на раката.
Лицето се повлекло кон улицата и испукало неколку куршуми кон Ј.И., но не го погодило. Останатите 6-8 лица почнале да го кршат возилото на Ј.И. со дрвени палки и бекатонски плочки, при што ја искршиле предната и задната шофершајбна, како и предните и задните стакла, а потоа го напуштиле лице местото.
А.Џ. е пренесен во МЦ-Гостивар, каде му е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гостивар, при што е пронајдена една чаура, која ќе биде доставена за вештачење. ПС-Гостивар превзема мерки за пронаоѓање на лицата.