А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца починати, потврдени се 5 нови случаи на Kовид-19

by А1он03/05/2020 - 14:1203/05/2020 - 15:401038
Share0

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се се уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување, соопштува МЗ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Последната дистрибуција по градови е следна:

 Скопје – 511
 Куманово – 401
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –158
 Тетово – 86
 Струга – 67
 Велес – 77
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 31
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -6 и МАНУ -3. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика, инфомира Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео