Фон дер Лајен бара милијарди евра за вакцина против Ковид-19

Од:

Европската унија собира милијарди евра со идеја да овозможи вакцинација против коронавирусот, еден ден да биде на располагање на сите, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека е потребен план Маршалов за ЕУ.

В понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и терапија против коронавирусот.

– Ние сакаме да спречиме вакцината, штом еднаш биде развиена, да ја добијат само оние кои можат да си го дозволат тоа, рече шефот на ЕК за ДВ.

Таа додаде дека започнало заеднички анализи за вакцината, но сега мора да се градат капацитети за да се произведе кога ќе биде развиена.

– Ни требаат зилиони дози. Тогаш мора да се осигураме дека ќе стигнат до секој агол на светот по фер и прифатлива цена, додаде германската политичарка.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Фон дер Лајен: ЕУ може да го замени рускиот гас со американски, поевтин

А1он

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Урсула фон дер Лајен и Шарлс Мишел разговараа со Трамп за идната соработка

Фон дер Лајен со нетрпение очекува да работи со Трамп