Рикер и Гордон во Белград ќе лобираат за „голема коалиција“ во Србија

Од:

Пратениците на американската државна секретарка Хилари Клинтон, Филип Рикер и Филип Гордон, неделава пристигнуваат во Белград, каде со клучните политички актери ќе разговараат за формирањет на идната влада на Србија, и како што пишуваат белградските медиуми, ќе го пренесат ставот на Вашингтон во корист на формирањето таканаречена голема коалиција.

Според неофицијалните информации, помошникот на државниот секретар Филип Гордон доаѓа во недела, на 8 јули, а веќе денеска во Белград пристигнува и неговиот заменик Филип Рикер, кој како што пишува весникот „Блиц“, ќе се сретне со лидерите на СНС и ДС, Александар Вучиќ и Борис Тадиќ, за да процени дали се уште може да се договори голема коалиција.

Рикер ќе се сретне и со Дачиќ, чии изјави за Косово, според сознанијата на медиумите, се многу проблематични за Вашингтон.

САД, наводно, не се задоволни со Дачиќ како премиер, и дека затоа ќе лобираат за влада на голема колаиција.

Би можело да ве интересира

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on

Паралелна евиденција и семејно гласање – дел од нерегуларностите на избирачките места низ Србија

A1on

Хаос во Србија: Tепачки поради сомневање за кол центри на СНС

A1on

Се затворија избирачките места во Србија, првични резултати после 21 часот

A1on

(ФОТО) Невеста и младоженец од свадба дојдоа да гласаат на изборите во Србија

A1on

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана