Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо зборуваше за здравјето на напаѓачот Хари Кејн, како и на некои други играчи кои беа повредени пред сезоната да заврши во Англија.
– Кејн, Муса Сисоко и Стивен Бергваин веќе не се повредени. Проблемот е што тие сè уште не се подготвени да играат фудбал. Тие беа скоро опоравени од повредите кога ни забранија да тренираме поради коронавирусот. Не знам дали ќе можат да играат оваа сезона, прво мора да почекаме лекарите да им дозволат на играчите да тренираат, а потоа да видиме дали тие успеваат да бидат во оптимална форма, изјави Мурињо за „Скај Спортс“.
Кејн има 17 голови и 2 асистенции на 25 натпревари за Тотенхем во сезоната 2019/20.