Нема некое изненадување во манифестацијата на Ковид-19 кај децата и возрасните

Од:

Нема некое изненадување со специфика на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас во однос на другите дијагностицирани заболени со Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче прашан за тоа дали и кај нас е регистрирано заболување со Ковид-19 кај деца со атипични симптоми, како што е случај во изминатите две недели во некои земји од Европа.

– Во однос на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас немаше некое изненадување со специфика во однос на другите дијагностицирани. Во таа смисла и наодот на белите дробови, пореметувањето на крвта беа во рамки на тоа што се движи манифестацијата кај возрасните. Значи некоја специфика посебна немаше, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање од МИА на денешната прес-конференција.

Здравствените власти во Франција и Велика Британија информираа дека се обидуваат да утврдат дали постои врска со пандемијата на коронавирусот и десетина деца кои неодамна биле примени на интензивна нега во Велика Британија и петнаесетина во Франција, откако развиле атипична форма на болест на крвните садови, што наликува на болеста Кавасаки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски