Четворица починати, потврдени 23 нови случаи на ковид 19

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650, соопштува МЗ.

Последната дистрибуција по градови е следна:

 Скопје – 498
 Куманово – 389
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –150
 Тетово – 82
 Струга – 66
 Велес – 71
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -9
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски