Француското обвинителство започна истрага против произведувач на лек за слабеење „Медиатор“, поради сомнеж дека усмртил 300 луѓе.
Против произведувачот се започнати две истраги, една за смрт и телесно оштетување, а втора за измама на потрошувачите.
Средството кое што го произведувал 30 години било препишувано на лица со зголемена маснотија на крв, а подоцна и на дијабетичари кои имаат проблем со зголемената тежина.
Налозите на судските вештаци покажуваат дека средството во рок од две ипол години предизвикало помеѓу 220 и 300 смртни случаи.
Средствата од пазарот се повлечени дури во јули 2010 година, иако првите симптоми дека се штетни се појавиле уште од 1998 до 2003 година.
Елена Георгиевска