Намален бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1.6 %, Преработувачка индустрија од 4.8 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст од 0.3 % бележи кај Капитални производи.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата