Бруто-домашниот производ на САД бележи пад за првпат по шест години

Од:

Во првото тримесечје годинава како резултат на пандемијата БДП на САД се намали за 4,8 проценти на годишно ниво, соопшти Бирото за економска анализа при Министерството за трговија на САД.

Ова е прв квартален пад на американската економија од почетокот на 2014 година и најсериозен од крајот на 2008 година.

Тогаш, во последното тримесечје, БДП на САД се скрати за 8,4 проценти.

Во 2019 година, пак, БДП на САД порасна за 3,1 процент во првото, за 2 проценти во второто, за 2,1 процент во третото и за 2,1 проценти за четвртото тримесечје.

САД се најзагрозена земја по бројот на регистрирани случаи на коронавирус.

Вчера бројот на заболени ја надмина цифрата од 1 милион луѓе, додека бројот на починати моментално е речиси 59.000 лица.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија