Американскиот потпретседател Мајк Пенс одлучи да не носи маска за време на неговата посета на болница во сојузната држава Минесота.
При посетата на клиниката Мајо, во Минесота, сите околу Пенс беа со маски, но само тој не носеше.
Својата постапка тој ја објасни со тоа дека не е заразен од коронавирусот и дека не претставува опасност за пациентите.
-Како потпретседател на САД јас регуларно вршам тестирање за коронавирус, и сите луѓе околу мене го прават истото, изјави Пенс во своја одбрана.
Високиот американски функционер не го предомисли ниту фактот што луѓе околу него кои беа дел од делегацијата, носеа маски.