Здружение на судии: Судиите да oдвојат минимум 20 отсто од платата за справување со коронавирусот

Од:

Судиите да издвојат најмалку 20 проценти од нивната плата за месеците април и мај 2020 година за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид-19.

Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на Здружението на судиите во форма на препорака, и истата судиите треба да ја спроведат на индивидуална и доброволна основа.

Од УО на Здружението нагласуваат дека со ова ќе биде исполнета декларираната заложба на судиите, за учество во намалувањето на последиците од пандемијата и порачуваат оваа активност да се спроведена преку подружниците на Здружението на судите, во соработка со претседателите на судовите и судиите.

– Судиите, подружниците на Здружението на судии, и во целиот овој процес беа раководени од принципот на законитост, солидарност и пропорционалност односно сразмерност, се вели во соопштението на Управниот одбор на Здружението на судиите.

Тие информираат дека на денешната седница на Управниот одбор на Здружението на судиите, преку мејл/телефонска комуникација, била разгледана Одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, т.е Решението за поведување на постапка за oценување на уставноста и законитоста, со времена мерка, на член 2 став 3, во врска со членот 3, од Уредбата со Законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба од 7 април 2020 година.

– Управниот одбор ја акцептира сериозноста на состојбата во која се наоѓа Република Северна Македонија, по објавената вонредна состојба предизвикана од пандемија на вирусот Ковид-19, и во таа насока, во целост ги подржува активностите на Владата и останатите релевантни институции, во насока на изнаоѓање на креативни и функционални решенија за ублажувања на последиците од ваквата состојба, притоа изразувајќи особена почит и благодарност кон здравствените работници, за нивната пожртвуваност и секојдневно ризикување на нивните животи, за нас и нашите семејства односно сограѓани, порачуваат од Управиниот одбор на Здружението на судии.

Би можело да ве интересира

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Здружение на судии: Разочарани сме од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење