ОЈО Делчево поднесе казни за десет лица за прекршување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози со кои опфати десетмина обвинети, соопштија од ОЈО Делчево.

Сите обвинети според обвиителството во одделни кривично правни настани не ги почитувале здравствените прописи за сузбивање на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тие пеш или со возила се движеле низ Делчево и околината за време на полициски час.

За осуммина обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​ За двајца од обвинетите, имајќи ја предвид нивната имотна состојба, обвинителството до Судот предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 200 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска