Русија нема да ја поддржи новата резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за Сирија и ќе гласа против, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се посочува дека подготвената нова резолуција од низа држави, што наскоро е биде ставена на гласање во ОН е слична на претходните две и е еднострана.
Новата резолуција за Сирија, според руското МНР, за трагичниот развој на настаните во Сирија ја обвинува единствено владата и покрај очигледниот факт дека опозициските вооружени групи извршуваат терористички акции.