Обвините две лица од Битола за прекршување на полицискиот час

Од:

Против две лица Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Битола.

-Обвинетите на 27 април постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија. Двајцата обвинети, за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола, се движеле со автомобил пред влезот на Клиничката болница во Битола, каде биле сопрени од полициски службеници, соопштија од обвинителство.

Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Судот за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска