Излекуваната 85-годишна прилепчанка од Ковид-19 велеше: „Ако преживеам, да се сликаме и да се ставиме на ‘Фејсбук’“

Од:

На инфективното одделение во Прилеп е излекуван најстариот пациент заразен од коронавирус. 85-годишната Елена Макалоска е испратена на домашно лекување по 21 ден престој во болницата. Иако била со тешка клиничка слика и масивна пневмонија, докторката Мирјана Крстеска, инфектолог во прилепската болница, за „А1он“ вели дека со две терапии, но и поддршка од ќерката на 85-годишната прилепчанка, успеала да го победи вирусот. Но, според докторката, клучна била упорноста.

„Ја лекувавме 21 ден, а беше примена во тешка состојба со слаба крвна слика. Клична беше упорноста. Ние бевме позитивни, бидејќи и таа беше така настроена. Во ниту еден момент не се откажа. Таа велеше: ако преживеам, сакам да се сликаме и да ставиме на ‘Фејсбук’. Ѝ ја исполнивме желбата. 85-годишната пациентка е пуштена на домашно лекување, а наредите пет дена ќе биде на антибиотска терапија. Има два негативни теста на Ковид-19“, раскажува инфектологот Крстеска за „А1он“.

Освен 85-годишната прилепчанка, со коронавирусот се борела и ќерка ѝ, за која доктор Крстеска раскажува дека му била од голема корист на персоналот во текот на лекувањето. Во однос на терапиите, докторката вели дека лекувањето почнало со класична терапија, а кога состојбата не се подобрувала, следувала смена на лекарствата.

„Кога ја примивме во болница, имаше ниска сатурација, со слаба крвна слика, и вендаш прими крв. Со неа лежеше и ќерка ѝ, која исто така беше позитивна на коронавирусот и ни беше од голема помош. 85-годишната пациентка во првите 9 дена беше со класична терапија. Кога видовме дека состојбата не се подобрува, беше на кислородна поддршка, но ѝ ја сменивме и терапијата. Направивме втора снимка, која не беше добра и сакав да ја пратам во Скопје. Но, фамилијата одлучи да се лекува кај нас. Мораше да најдеме солуција и со нивна поддршка, но и со смена на терапијата, давање витаминска терапија, повторно давање крв, антикоагулантна терапија, работата тргна напред. Добивме два негативни резултата. Дома ја испративме во добра состојба, а во наредните пет дена ќе прима антибиотици“, објаснува доктор Крстеска за „А1он“.

Ќерката на 85-годишната прилепчанка, пак, била меѓу првите излекувани, но и натаму ѝ била придружник на својата мајка до крајот на лекувањето. Доктор Крстеска нагласи дека во лекувањето учествувале тројца инфектолози и останатиот персонал на одделот за Инфективни болести во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски