ОЈО Прилеп предложи 50 илјади евра казна против 25 лица за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од прилепското обвинителство.

-За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час, велат од ОЈО Прилеп.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска