Општина Бутел во соработка со Невладината Организација Извор информира дека продолжила со делење на хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од корона вирусот.
„Минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтери од НВО Извор поделија 200 пакети на три пункта“, велат од Општина Бутел.
Оттаму соопштуваат дека акцијата за делење на пакети со храна за оваа ранлива категорија ќе продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.