А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За првомајските празници посебни мерки, заштитните маски остануваат задолжителни

by А1он29/04/2020 - 08:1629/04/2020 - 09:46669
Share0

Првомајските празници годинава граѓаните ќе ги поминат со посебни мерки и со ограничено движење на територија на целата држава.

Следете a1on на Instagram Instagram

Согласно одлуката на Владата за 1, 2 и 3 мај, полицискиот час ќе почнува во 14 часот, и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

Што се однесува до лицата над 67-годишна возраст, тие во петок, сабота и недела ќе можат да се движат од 5 часот наутро до 11 часот.

На сите деца и млади лица до 18 години во петок, сабота и недела ќе им биде дозволено излегување од 12 до 14 часот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден. Остануваат во сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата, истакна во текот на вчерашниот ден премиерот Оливер Спасовски.

Целта на воведените мерки е граѓаните да имаат доволно време во претпладневните часови да прошетаат и да ги набават потребните намерници, без притоа да се создаваат гужви на тие места, на пазарите, маркетите.

Сепак, мерката за носење на заштитна опрема на устата и носот останува задолжителна. Граѓаните треба да носат заштитна маска при секое влегување во јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции..

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

Граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, притоа одржуваат задолжителна дистанца од два метри растојание, патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, или се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, не мора да носат заштитна опрема.

Освен хируршката маска, во заштитна опрема спаѓаат и шал, марама или шамија.

– Сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето посебно кога е дистанцата помала од два метра. Затоа, носењето на заштитната опрема како дополнителна мерка во однос на одржувањето на дистанцата тогаш кога не може да се одржи сметам дека ќе има сосем доволен ефект тоа што сакаме да го постигнеме, изјави во текот на вчерашниот ден министерот Филипче.

За секој граѓанин кој не ја почитува мерката за носење на заштитна маска, предвидена е казна во висина од 20 евра, а казната за компаниите е до 2.000 евра.

-За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност, соопшти Владата.

Владината прес-служба во текот на вчерашниот ден информира дека Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми.

koronavirus mkdpoliciski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео