„Меѓаши“ одбележува 28 години постоење

Од:

Првата Детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска одбележува 28 години работа посветена на заштита на права на децата, поттикнување одговорно родителство и почит на детската личност.

-Во ова чудно време-невреме би сакале да ја споделиме со вас радоста за нашата 28-годишнина на многу години исполнети со работа и активности во секакви околности, години посветени на помош на деца кои страдаат, години со тага, но и исполнетост што можеме да бидеме поддршка. Зад нас се години и години работа. Поголеми или помали, кризите се составен дел од нашата историја, а за оној кој страда или има потреба од помош, не постои помала или поголема криза, се наведува во соопштението на детската амбасада.

Оттаму дополнуваат дека го промовираат и мировното образование, развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негуваат различностите и еднаквите можности за сите.

-„Меѓаши“ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Оваа криза денес особено тешко нѐ погодува бидејќи не можеме да работиме надвор, директно со децата, наведуваат во соопштение.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формирана на 29 април 1992 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

А1он