Општина Аеродром го одбележа осмиот роденден

Од:

Успеавме да реализираме многу значајни проекти и од Аеродром да направиме модерна и современа општина. Со јасно поставени цели пред себе, со напор и труд, но и со почитување на современите стандарди, изминатите четири години успеавме да реализираме капитални проекти, истакна попладнево градоначалникот Ивица Коневски на прославата за осмиот роденден на локалната самоуправа.

Тој потсети на дел од релизираните проекти како изградба на инфраструктура во општината (фекална канализација, два нови колектора и препумпна станица и асфалтирање на улиците во Горно и Долно Лисиче), каде се вложени повеќе од 6 милиони евра, изградба на 17 паркиралишта со над 2.000 нови паркинг-места, нов спортски центар во Ново Лисиче, комплетна реконструкција на основните училишта и детските градинки, изградбата на повеќе нови модерни паркови…

Коневски најави дека и во иднина со напорна работа, заедно со администрацијата ќе продолжат да ги совладуваат предизвиците и да им овозможат на граѓаните што подобри услови за живот.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека Аеродром е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која, како што рече, интензивно се развива изминатиот период. Според него, развојот на оваа општина се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата на градоначалникот Коневски и поддршката на Советот.

Претседателот на Советот на општина Аеродром, Виктор Камиловски потенцира дека постигнале многу со заедничка работа. Потсети дека се еден од најактивните општински совети во Македонија, со 77 одржани седници и со над 1.000 донесени одлуки и други акти во текот на досегашното работење.

Би можело да ве интересира

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче