• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

МЗ ќе формира работна група за вршење увид во изворен код на апликацијата „СтопКорона!“

by А1он28/04/2020 - 20:4628/04/2020 - 21:24738
Share0

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои „Информација за преземање на потребни дејствија за мобилната апликација „СтопКорона!“.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи министерот за здравство Венко Филипче да донесе решение за формирање на работна група за вршење увид во изворен код на мобилната апликација „СтопКорона!“, составена од независни членови со соодветни познавања. Нивна задача ќе биде да извршат проверка на соодветност на изворниот код со намената и целта на апликацијата, како и нејзината безбедност.

Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација по завршување на потребата од постоење на апликацијата „СтопКорона!“, да предаде копија од виртуелната машина на Министерството за здравство заедно со целокупната база на податоци, да ја изгасне наведената виртуелна машина и трајно да ја избрише, како и трајно да ги избрише сите податоци кои се зачувуваат за потребите на функционирањето на апликацијата.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проширување на функционалноста на Владиниот контакт центар и во други институции за компаниите и граѓаните во врска со информации за економските мерки и другите поврзани мерки за Ковид-19.

-На овој начин ќе се овозможи поуспешна поддршка на компаниите и граѓаните, да им се одговори на прашањата што ги имаат за економските и други поврзани мерки, навремено и во целост со компетентна стручна помош, се вели во соопштението од Влада.

koronavirus mkdvlada

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:45

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Горан Наумовски10/12/2025 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен