До септември во Франција нема да има спортски активности

Од:

Во Франција нема да има професионален спорт најмалку до септември.

Ова го објави премиерот, Едуард Филип како дел од посериозните мерки во земјата за борба против пандемијата од коронавирус.

– Големите спортски настани не можат да се одржат пред септември. Професионалната фудбалска сезона 2019/20 не може да продолжи, рече Филип за време на денешното Национално собрание.

Ова значи крај на тековната кампања во првите две нивоа на локалниот фудбал.

Следниот месец се очекува да има состанок на француската лига, на кој ќе бидат разјаснети сите прашања во врска со рангирањето за шампион, учесници во евротурнирите, испаѓање и повратници.

Пред да заврши првенството, убедлив лидер во Лига 1 беше Пари Сен Жермен, а другите две места во Лигата на шампионите ги окупираа Марсеј и Рен. Лил беше во позиција за Лига Европа.

Трите екипи во зоната за испаѓање беа Нимс, Амиен и Тулуз.

Во Лига 2, први и втори беа Лориен и Ленс, соодветно, но разликата помеѓу лидерот на табелата и петтиот Клермон Фут беше само четири поени.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ