На 1, 2 и 3 мај ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 до 14 часот

Од:

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

Како што напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден.

За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.

– Остануваат во сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија, наведува Спасовски во фб статусот.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска