Во Кичево три лица не го почитувале полицискиот час, петмина во самоизолација

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот COVID-19, според статистичките податоци на МВР, три лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој објасни дека вчера во 16:30 часот, на локален пат во кичевското село Осој, три лица не ја почитувале забраната за движење и го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.В.(29) од истото село врз С.М.(26) и Б.М.(19), двете од Кичево. Против нарушителите, најави, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

-Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 294, од кои пет во Кичево. Врз нив е извршена контрола. Полициските службеници извршија и 77 контроли на угостителски и други објекти, рече Димоски.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска