Шпекулациите за здравствената сосотојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предизвикаа паника кај граѓаните, кои ги испразнија продавниците, стравувајќи од граѓанска војна или немири, објави британскиот весник „Мирор“.
Според весникот во продавниците во Пјонгјанг нема основни прехранбени производи, а исто така се купени и луксузните производи како алкохол и електроника, а прво биле купени увозните артикли.
Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким е нарушена, а многумина шпекулираа и дека починал. Тој не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации, му била извршена операција на срце и е во лоша здравствена состојба.