Во одделни кривични правни настани 19 лица од Струмица, меѓу 1 и 4 април не постапиле согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопштија од ОЈО Струмица.
Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, односно не почитување на забрната за движење Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.