Израелската армија соопшти синоќа дека нејзините војници гранатирале позиции на Сирија на Голанската Висорамнина.
Во соопштението се наведува дека имало пукотници и аритилериски оган долж границата, но дека штета и ранети нема.
Израелските војници одговорија со артилериски оган и забележани се директни напади. Други детали за овие инциденти нема.
Израел се најде во тешка позиција, бидејќи јакнат судирите покрај граници со Сирија на Голан, кој израелската војска го освои во шестдневната војна во 1967 година.
Спорадичниот сириски оган во близина на израелските населби, вклучувајќи неколку мини, кои експлодирале во овоштарници, предизвикаа паника.
Израелските сили возвратија во неколку наврати.