Политико: Белата куќа може да го смени министерот за здравство Азар

Од:

Администрацијата на американскиот претседател, Трамп ја разгледува можност за оставка на министерот за здравство, Алекс Азар, соопшти „Политико“, повикувајќи се на свои извори.

Според изданието, на негово место може да дојдат координаторот во Администрацијата за борба со коронавирусот, Дебора Биркс, раководителот на државната здравствена помош Медикеар, Сима Верма, или првиот заменик во министерството, Ерик Харган.

Од прес службата на министерството за здравство демантираа дека се подготвува таква оставка.

-Министерството за здравство и социјални служби раководено од Азар продолжува со работата на приоритетните правци посочени од претседателот. Неодговорно е кога се шпекулира за кадровски смени и се дефокусира вниманието од државната борба со Ковид-19, соопшти Џад Дир, од прес службата на министерството.

Според последните информации, во земјата се забележани над 940.000 заболени, или речиси една третина од вкупниот број на инфекции на светско ниво.

Додека од коронавирусот починале над 54.000 лица, или повеќе од една четвртина од вкупниот број на починати во светот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија