Неколку часа откако беше објавено дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во критична здравствена состојба, во медиумите се појавија шпекулации дека тој починал.
„Дејли мејл“ објави дека заменик-директорот на сателитската телевизија на Хонг-Конг „ХКСТВ“, Шиџијан Ксингзоу, ја објавил информацијата за смртта на Ким Џонг-Ун, повикувајќи се на сигурни извори.
#BREAKING: North Korea's Supreme Leader/dictator Kim Jong-un has reportedly died, or is on his death bed with no hope for recuperation — according to media outlets in China and Japan. (Per TMZ) 1/2
— Jennifer Franco (@jennfranconews) April 25, 2020
Претходно, јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ откако претходно му беше извршена операција на срцето.
Јапонскиот весник „Јомиури шимбум“ повикувајќи се на неимнеувани извори објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.
Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.