Лекот против аритмија го зголемува ризикот од рак

Од:

Вообичаениот лек за неправилен ритам на срцето (аритмија) може да има несакани пропратни дејства, порачува тим од тајвански експерти.

Имено, лицата кои земаат поголеми дози на „амиодарон“ подолг период, се под двојно поголем ризик од рак во однос на оние кои земаат помали дози од овој лек, при што посебнои се загрозени мажите, утврдиле експерти на Ветеранската општа болница во Тајпеј, предводени од Винсент Ји-Фонг Су.

Проблемот е во тоа што „амиодаронот“ е лек кој се раствора во мастите и тоа многу бавно, така што значителни количини остануваат во организмот по подолго внесување.

Тајванското истражување е извршено врз 6.418 лица кои во периодот меѓу 1997 и 2008 година земале „амиодарон“ во просек две и пол години. Околу 280 од овие испитаници заболеле од рак.

Тајванскиот тим сепак не препорачува овој лек да престане да се користи, туку само предупредува дека неговото дејство треба дополнително да се проучи и ги советува лекарите кои го препишуваат да имаат предвид дека тој би можел да го зголеми ризикот од заболување од рак.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска