BBC се уште не одлучил дали ќе ја емитува песната „Динг Донг, вештерката е мртва“

Од:

Би-Би-Си денеска се најде под притисок да го забрани емитувањето на песната „Волшебникот од ОЗ“ – „Динг Донг, вештерката е мртва“, која повторно преку Фејсбук ја популаризира групата „хејтери“ на неодамна починатата Маргарет Тачер.

„Античеристи“ со онлајн кампања успеаја да ја донесат песната до третото место на топ листата по смрта на „железната лејди“, која почина во понеделникот во 87 година од животот.

Британскиот јавен сервис се уште не коментираше дали песната ќе биде емитувана или не на радио в недела, три дена пред погребот на Тачер.

Џон Витингдејл, претседател на парламентарниот комитет за култура, медиуми и спорт е против емитување на песната, бидејќи тоа многумина би го сфатиле како навреда.

– Оваа е обид за манипулација со листата на хитови од страна на луѓето кои сакаат да го протуркаат својот политички став, истакна Витингдејл, додавајќи оти Би-БИ-Си не би требало да ја емитува песната.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство