Во Федерацијата БиХ регистран е негативен природен прираст во шест од вкупно десет кантони, објави Федералниот завод за статистика.
Според податоците за февруари 2013 година, негативен прираст има во Посавскиот, Зеничко-добојскиот, Среднобосанскиот, Херцеговско-неретванскиот, Западно-херцеговскиот и кантонот 10.
Во тој месец родени се 1.534 деца, а починале 1.670 жители. Според статистички показатели во март 2011 година природниот прираст бил негативен во девет кантони, јавуваат босански медиуми.