Почна изборната кампања во Бугарија

Од:

Во Бугарија денеска почна кампања за општите избори, кои ќе се одржат на 12 мај, а претседателот Росен Плевнелијев апелираше до учесниците во предизборната трка да се однесуваат одговорно и конструктивно.

– Валкана кампања не е решение и нема да ги импресионира бугарските гласачи. Бугарските гласачи ќе бидат импресинирани со конструктивна политичка трка, заснована на спротиставени идеи, програми и одлуки на Владата, наведе Плевнелијев.

Поради страв од нерегуларности Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) во Бугарија ќе испрати 242 набљудувачи, што е десетпати повеќе од претходните претседателски и локални избори во 2011 година.

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој во февруари поднесе оставка по масовните улучни протести, според анкетите има најголема поддршка од граѓаните. За ГЕРБ би гласале 26,4 отсто од граѓаните додека Социјалистичката партија би добила 23,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени