На израелската претставничка за Евросонг и е забрането да носи креација на дизајнерот Џон Галијано, поради неговите антисемитистички изјави, јавија израелски медиуми.
Израелската управа за радио и телевизија, спонзор на пејачката Моран Мазор на „Песна за евровизија“, одлучи да не и дозволи да облече фустан што Галијано се согласил за неа да го креира.
Пејачката неодамна најави дека Галијано го „прифатил предизвикот“ за неа да креира фустан. Тој пред две години беше притворен бидејќи во еден бар во Париз давал антисемитистички изјави.