А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АСОМ: Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега

by А1он24/04/2020 - 16:03344
Share0

По информациите кои се појавија во неколку медиуми, дека со уредба на Влада се овозможува онлјан обложување кое би требало да го замени традиционалното, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) истакна дека очигледно станува збор за грешна интерперетација на изјавите на надлежните од страна на дел од медиумите.

Добивај вести на вибер

– Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега. Истите се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна. Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа, образложија од АСОМ.

Од Асоцијацијата наведоа дека веќе го искомуницирале својот став со Министерството за фиансии во однос на тоа прашање и ја поздравува идејата.

– Сепак, одлуката и условите за онлајн обложување се уште се во процес на договрање. Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, истата ќе овозможи и Република Северна Македонија како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите. Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа. Прифатливо законско решение за онлајн обложување би ги насочило овие средства кон домашниот буџет, истакнаа од АСОМ.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен