Бретон: Економијата на ЕУ може да се намали од пет до 10 проценти

Од:

Економијата на ЕУ годинава би можела да се намали од 5 до 10 проценти, како резултат на пандемијата, изјави еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон.

– Денес, сè укажува на тоа дека во Европската унија би можеле да забележиме пад на економијата од пет до 10 проценти, што би значело околу 7,5 проценти, рече Бретон во интервју за телевизијата „Франс 2“.

– Но, тоа важи денес, истакна еврокомесарот, додавајќи дека во случај на втор бран епидемија, ситуацијата би можела да се влоши.

– Се зависи од брзината на закрепнување на економијата. Се уште сме во екот на пандемијата и ќе научиме да живееме со неа неколку месеци, додаде Бретон.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ