Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека спасила 213 имигранти од два големи чамци, со што бројот на илегални имигранти пристигнати на јужниот остров Лампедуза за неколку дена се искачи на 650 лица.
Подобрените временски услови што се очекуваат во следните неколку дена дополнително ќе го зголеми бројот на лица што ќе се обидат да стигант од брегот на Северна Африка во италијанските води, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.
Во еден од двата чамци се наоѓале 113 африкански имигранти, меѓу кои четири жени, а истиот имал и технички проблеми кога за првпат е забележан во водите на Малта.
Вториот чамец бил со должина од 10 метри и во него се наоѓале 100 лица, соопшти крајбрежната стража.
Италијанските власти не објавија детали за националноста на имигрантите или земјата од која пристигнале.