Денеска Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски однесе 50 оброци за вработените во службата за итна медицинска помош во Поликлиника Букурешт и 50 оброци за вработените во Полициската станица во Бутел.
„Овие луѓе се на правата линија и деноноќно се грижат за нашето здравје и безбедност во екот на оваа пандемија зафатена со коронавирусот“, велат од Општината Бутел од каде во неколку наврати беа поделени оброци за вработените во сите смени на полициската станица во Бутел и медицинскиот персонал.
Од Општината апелираат до граѓаните да останат дома за неопходни работи да излегуваат со заштитна опрема и да држат дистанца помеѓу себе минимум два метра.