Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Од:

Тројца жители на село Будинарци, Беровско, на 19 април го прекршиле полицискиот час, информираат од ОЈО Берово. Во образложението за овој настан се вели дека трите обвините обвинетите ги напуштиле своите домови во село Будинарци и сите пеш се упатиле во дворот од куќата на нивен сожител, каде сите заедно со домаќините седеле и се дружеле по повод верскиот празник Велигден.

– Околу 19:00 часот меѓу нив настанало нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад што било пријавено. При интервенција на полицијата кривичното дело е откриено, соопштија од обвинителство.

За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, беровското обвинителство на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 50 глоби по 10 евра или за секој од нив по 500 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска