Француската Влада го смени првиот човек на специјалните полициски сили – РАИД, Армори де Хотеклок, кој го предводеше нападот на полицијата против терористот Мохамед Мера во Тулуз, јави дописникот на МИА од Париз.
Армори де Хотеклок, откако беше повикан на разговор кај генералниот директор на француската полиција беше прекомандуван во Генералната инспекција на полицијата.
Според опозицијата, француската Влада и претседателот продолжуваат со „политичките“ промени на високи државни функционери.
Во редовите на полицијата, француската Влада веќе го промени првиот човек на внатрешната безбедносно-контраразузнувачка служба – ДЦРИ.
ДЦРИ беше критикувана за начинот на кој го следела Мохамед Мера, додека РАИД за начинот на кој ја изведе антитерористичката акција.