Шпанија: Починати 367 лица од Ковид-19, најмалку во изминатиот еден месец

Од:

Во последните 24 часа во Шпанија починале 367 луѓе од коронавирусот, што е најмалку за еден месец, а вкупниот број на жртви од пандемијата во земјата изнесува 22.524, соопшти денеска Министерството за здравство.

Шпанија, која е трета земја во светот по смртни случаи и заразени, не пријавила толку мал број на смртни случаи од 22 март, кога починаа 394 лица.

Коронавирусот зарази 219.764 луѓе во Шпанија, вклучително и оние чии тестови покажаа дека развиле антитела против болеста.

– Ова е прв ден кога можеме да кажеме дека бројот на оздравени е поголем од бројот на новозаразени, изјави Фернандо Симон, директор на Центарот за координација на здравствените услуги, изразувајќи задоволство од „добрата вест, ако може така да се каже“.

Бројот на новозаразени во последните 24 часа во земјата е 2.996 лица, истакна Симон.

Според Министерството, 35.295 медицински работници биле заразени со Ковид-19 во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина