Оние кои не носат маска нема да влезат во банка или маркет

Од:

Пред експозитурите на банките има редари кои ги враќаат граѓаните кои не носат маски и не ги пуштаат да влезат. Пред банките има и полициски службеници, задолжени да се запази редот и да не се создаваат гужви.

Тие истотака им посочуваат на граѓаните кои се без маска да не чекаат залудно оти нема да влезат внатре.

Најголем дел од оние кои чекаа ред, беа со заштитна опрема и ги почитуваат мерките, бидејќи како што велат свесни дека ако немаат маска можат да добијат казна.

Мерката важи за влез во пошта, наплатен пункт за струја, вода и други комунални давачки.

Граѓаните кои чекаа ред да ги подмираат овие давачки исто така беа под маски.

Слични се правилата и за влез во маркетите. Од денеска и таму на вратите има редар, кој не пушта муштерии да пазарат ако не носат маски.

Трговците, пиљарите, пекарите истотака организирани во насока на превентива од вирусот.

Пред продавницата стои еден од вработените кој се грижи да се запази редот и потребното растојаните и пушта купувачи само кои носат маски, а друг вработен ги услужува тие што пазарат.

И луѓето кои се движеа по улиците и околу автобуските постројки, најголемиот дел беа заштитени со маски и ракавици како превентивна мерка од коронавирусот.

Ова слика во градот следи по вчерашната информација дека до крајот на месецот тој што нема да носи маска ќе добие опомена, а од идната недела казна од 20 евра.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски