Димитриевски: Ги отфрлам обвинувањата за наводниот мој позитивен тест, анатемата мора да се тргне

Од:

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека вчера со сопругата направиле тестирање на коронавирус во неколку лаборатории, а резултатите од тестовите биле негативни. Тој посочи дека станува збор за релевантни лаборатории во државата, но не кажа за кои се тие.

„Заедно со сопругата, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури, направивме тестирање на Ковид-19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, а воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се негативни“, пишува Димитриевски.

Тој бара Центарот за јавно здравје да ги разгледа резултатите од тестирањата, ако треба, да го повтори тестирањето, и веднаш да му ги укинат решенијата за самоизлација.

„Итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и за членовите на моето семејство и за сите мои контакти посочени во епидемиолошката анкета. Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамките на процедурите бидејќи, покрај негативните тестови, мојата здравствената состојба и моето семејството се добро и не постојат никакви симптоми, ниту показатели на инфекција од Ковид-19, со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања за наводниот мој позитивен таст, анатемата мора да се тргне. Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани, кои во моментот се борат со болеста, а на сите други – да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца“, соопшти Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово пред седум дена сам објави дека е позитивен на коронавирусот по информација добиена од тестирањето направено од Центарот за јавно здравје – Куманово.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски