Струшко обвинителство поднесе предлог за издавање казнет налог против едно лице обвинето за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
– Обвинетиот на 20 април постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час бил затекнат од полициски службеници додека се движел пеш по кејот на реката Црн Дрим, информираат од обвиителство.