Пет лица во Тетово во одделни настани не го почитувале полицискиот час и без дозвола се движеле пеш или со возила низ Тетово и околината.
– Заради стореното кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, соопшти денеска ЈО на Република Северна Македонија.