Казнени налози за 13 скопјани, не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија денеска од ОЈО Скопје.

– Обвинетите биле затекнати на различни локации во градот за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за движење и со тоа сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, известија од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на обвинетите да им изрече парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска