Германија: Нема зголемување на помошта за Кипар

Од:

Германија денеска соопшти дека обемот на средства одобрени за Кипар нема да биде зголемен откако кипарскиот претседател изјави дека ќе побара дополнителна помош.

– Придонесот на меѓународните кредитори за пакетот помош нема да биде променет, изјави Штефан Зајберт портпарол на германската Влада. Тој додаде дека договорениот пакет од 10 милијарди евра и онака е голем.

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис изјави денеска дека ќе се обрати до лидерите во Еу со барање за дополнителна помош.

Тој истакна дека веќе зборувал за ова прашање со еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Анастасијадис додаде дека писмено ќе ги информира за ова барање и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседатечлот на ЕУ, Херман ван Ромпуј. Министрите за финансии од еврозоната ќе се состанат денеска во Даблин, каде ќе разговараат за отпуштањето на првата транша од меѓународната помош за Кипар.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц